ВИДЕО ШТО РУШИ СТЕРЕОТИПИ: Мигрант фаќа крадец, бабата се одмаздува со стап

Во еден свет каде што мигрантите често се прикажуваат во лошо светло, а медиумите главно молчат за нивните добри дела, ова видео од Русија ја прикажува реалноста од сосема друг агол.

На улица, пред очите на случајни минувачи, наркоман се обидува да ограби постара жена. Но, мигрант – за кој многумина во општеството имаат предрасуди – не останува рамнодушен. Таџикистанецот брзо реагира, го фаќа крадецот и ја спречува кражбата. И додека го држи сторителот, бабата добива можност да си ја врати правдата на свој начин: со неколку удари со стап директно по грбот на напаѓачот.

Ова видео, кое се шири низ социјалните мрежи, е потсетник дека вистинските херои не се оние во костими од филмовите, туку обични луѓе кои реагираат кога е најпотребно. А храброста и човечноста не познаваат националност.

Во секоја нација има луѓе што прават зло но има луѓе и што се спротивставуваат на злото. Овој мигрант го направи токму тоа – и заслужува само чест и почит.

📹 Погледнете го видеото подолу.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости