Во автобуска несреќа загина 21 лице во Шри Ланка

Патнички автобус излета од патот и падна во амбис во Шри Ланка. Во несреќата животот го загубија 21 лице, а 14 се повредени, соопштија властите, известува Анадолу.

Патнички автобус излетал од патот и паднал во клисура во близина на областа Котмале, околу 140 километри источно од главниот град Коломбо.

Заменик-министерот за транспорт и автопатишта, Прасана Гунасена, во соопштение за медиумите истакна дека во несреќата животот го загубиле 21 лице, а 14 се повредени.

Полицијата информираше дека во автобусот во моментот на несреќата имало околу 50 лица.

Sri Lanka: 21 killed, 14 injured after bus with 50 passengers skids off  cliff in Sri Lanka - India Today

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости