Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за преговори со Русија.
Во исто време, тој истакна дека украинската страна очекува Москва да се согласи на прекин на огнот од 12 мај.
„Тоа е добар знак дека Русите конечно размислуваат за завршување на војната. Секој во светот го чека ова долго време. А првиот чекор кон вистинскиот крај на секоја војна е прекин на огнот. Нема смисла да се продолжува со убивањето уште еден ден. Очекуваме Русија да потврди прекин на огнот – целосно, долгорочно и сигурно – почнувајќи од утре, 12 мај, а Украина е подготвена да се сретне“, напиша Зеленски на својот Телеграм канал.





