ВИДЕО од воз крена прашина: Кокаин или само салфетка? Франција ги демантира обвинувањата против Макрон

Руското Министерство за надворешни работи ги обвини францускиот претседател Емануел Макрон, британскиот премиер и германскиот канцелар за наводна употреба на дрога.

Портпаролката Марија Захарова сподели видео на кое, според неа, Макрон „поместува бел пакет од масата“, а германскиот канцелар Мерц „држи стаклен предмет“. Во саркастичен стил, Захарова напиша:

„Како во оној виц: Французин, Англичанец и Германец влегле во воз и… добиле куршум. Очигледно заборавиле да ги скријат работите пред да стигнат новинарите.“

🔍 Но, француските медиуми ги отфрлаат овие обвинувања како дезинформации и теории на заговор.

Францускиот весник „Либерасион“ пишува дека нема докази за тврдењата кои кружат на социјалните мрежи дека Макрон бил фатен со кеса кокаин за време на патувањето во Украина. Настанот се случил во воз на релација Полска – Украина, кога новинарите влегле во просторијата каде што Макрон разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц и британскиот премиер Кир Стармер.

Според „Либерасион“, белиот предмет што го зеде Макрон е обично марамче, а она што Мерц го држеше е „мешалка“ – не „сламка“ или „лажица за кокаин“, како што тврдат некои корисници на социјалните мрежи.

📌 Секоја друга сугестија, велат медиумите, е „неспоредлива со реалноста“ и служи за поттикнување на дезинформации.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости