🤝Американскиот претседател Доналд Трамп, на инвестицискиот форум во саудиската престолнина Ријад, објави дека САД ги укинуваат санкциите против Сирија. Трамп посочи дека оваа одлука е донесена по разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
🔸 „Сакаме да ѝ дадеме шанса на новата сириска влада“, изјави Трамп, додавајќи: „Сакаме да им дадеме можност за нов почеток.“

Одлуката доаѓа по соборувањето на режимот на Башар ал-Асад во декември 2024 година и преземањето на власта од страна на Ахмед ал-Шараа како привремен претседател на Сирија.





