Израелски медиуми: Израел се согласи да продолжи со хуманитарната помош за Газа

Израел се согласи да продолжи со хуманитарната помош за Газа, пренесуваат израелските медиуми.

Ова го соопшти Хуманитарниот фонд за Газа (GHF). Итното продолжување на трансферите на хуманитарна помош во Газа под постојните услови беше клучен услов на GHF за започнување на нов механизам за хуманитарна помош во Газа, кој ќе стане оперативен за само неколку недели.

Фондот за хуманитарна помош за Газа објави дека ќе започне со операции во Појасот Газа до крајот на мај. „Одлуката е донесена по разговорите со високи израелски претставници, за време на кои беше договорено да се дозволи трансфер на хуманитарна помош во Појасот Газа во рамките на постојните механизми додека не се заврши воспоставувањето на заштитените точки за дистрибуција на фондот“, се вели во соопштението на GHF.

Израелската одлука уследи по разговорите што се одржаа во последните денови меѓу израелската влада и GHF.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости