„Важен ден за светскиот мир“, изјави турскиот министер Фидан по мировните преговори во Истанбул

 „(Мировни преговори во Истанбул) Денес беше важен ден за светскиот мир. Ќе продолжиме да вложуваме максимални напори за траен мир“, истакна шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан

 Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, за мировните преговори во Истанбул рече: „Денес беше важен ден за светскиот мир. Ќе продолжиме да вложуваме максимални напори за траен мир“, известува Анадолу.

Министерот Фидан сподели објава на својот профилот на платформата X по трилатералниот состанок Турција-Русија-Украина што се одржа во Истанбул во рамките на мировните преговори меѓу Русија и Украина.

Министерот Фидан во својата објава напиша:

„Денес беше важен ден за светскиот мир. Како резултат на интензивните дипломатски напори, руските и украинските делегации одржаа состанок во Истанбул, со Турција како олеснувач. Како резултат на состанокот, постигнат е договор за размена на 1.000 луѓе од секоја земја како мерка за градење доверба“.

Во објавата, Фидан наведе дека е постигнат договор писмено да се споделат со другата страна условите што ќе овозможат постигнување прекин на огнот и додаде:

„Страните, исто така, во принцип се согласија повторно да се состанат. Како Турција, ние ќе продолжиме да вложуваме максимални напори за да овозможиме постигнување траен мир меѓу Русија и Украина.“

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости