Фајненшл Тајмс: Европа се потпира на Турција, но не ја прима во ЕУ?

Турските публикации цитираат статија на „Фајненшл тајмс“ во која се анализира растечката улога на Турција во обезбедувањето на европската безбедност. Во статијата се истакнува силата на турската војска, особено во употребата на беспилотни летала и операции, како и подготвеноста на Турција да претрпува загуби.

Се забележува дека Европа, и покрај загриженоста за авторитарните тенденции на претседателот Ердоган, е склона да го игнорира неговото „демократско регресирање“ заради воена соработка.

Ердоган го гледа воениот потенцијал на Турција како алатка за повторно започнување на преговорите за членство во ЕУ. Во исто време, статијата укажува на меѓусебна зависност: Турција има потреба од Европа да ја поддржи нејзината одбранбена индустрија, а Европа има потреба од турската војска за зајакнување на безбедноста, особено во контекст на нестабилноста во НАТО и конфликтот во Украина.

Во исто време, во статијата се наведува дека и покрај очигледното приближување, Брисел веројатно нема да го отвори патот за членство на Турција.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости