(ВИДЕО) 🇺🇸 Трамп најави „Златна купола“: Американски ракетен штит понапреден од израелскиот?

Американски претседател Доналд Трамп излезе со амбициозна најава за нов систем на ракетна одбрана кој го нарече „Златна купола“, навестувајќи дека САД ќе изградат сопствена верзија на израелскиот „Iron Dome“, но со значително понапредна технологија.

Нашата технологија е понапредна од израелската“, изјави Трамп, додавајќи дека Златната купола ќе користи и пресретнувачи од вселената и ќе обезбеди речиси 100% заштита од сите видови ракети, вклучително и хиперсонични проектили.

Според неговите изјави, завршувањето на системот се очекува за околу три години, а вкупната цена ќе изнесува околу 175 милијарди долари. Трамп откри и дека Канада изразила интерес да се приклучи на овој одбранбен проект.

„Замислете – ќе можеме да пукаме куршуми од небото,“ рече Трамп, потенцирајќи дека ова е „супертехнологија“ каква што нема ниту една друга земја.

Како почетен чекор, во новиот закон што се подготвува, се предвидуваат 25 милијарди долари за иницијална фаза на изградбата.

Ние му помогнавме на Израел да изгради свој систем – сега ќе го направиме тоа за себе, и ќе биде најдобриот досега“, истакна Трамп.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости