473 македонски државјани побарале евакуација од Емиратите, Катар и Израел

Вкупно 473 македонски државјани побарале асистенција и евакуација по почетокот на воените дејствија во Иран, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. Граѓаните контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Абу Даби, Доха и Тел Авив.

Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, а 348 од Обединетите Арапски Емирати. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт и 12 од Бахреин.

Според информациите од надлежните власти, во моментов сè уште не се препорачува евакуација по копнен пат за граѓаните кои се наоѓаат во Катар и во Обединетите Арапски Емирати.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости