На денешен ден пред 62 години, Скопје беше разурнато од силен земјотрес што го однесе животот на 1.070 луѓе, а околу 3.000 беа повредени. Над 200.000 граѓани останаа без покрив, беа урнати 15.800 станови, а оштетени уште 28.000.![]()
Премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека овој ден е потсетник за човечноста и солидарноста:
„Животот може да се промени за миг. Но токму солидарноста и заедништвото се темелите врз кои повторно го изградивме градот.“
Во Музејот на Град Скопје вечерва во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Скопје за време на земјотресот и потоа“, која ќе биде од траен карактер.
По трагедијата, светот покажа невидена солидарност. Обединетите нации на 27 септември 1963 година и дадоа приоритет на помошта за Скопје, а на 14 октомври едногласно усвоија Резолуција за поддршка на обновата. Тој ден остана запаметен како Денот на Скопје во ОН.







