„Адидас“ користи израелски војник како рекламно лице: Повиците за бојкот растат и покрај извинувањето

Во време кога илјадници Палестинци во Газа губат екстремитети како резултат на бруталните израелски напади, „Адидас“ го претстави Шалев Битон, поранешен војник кој ја изгубил ногата додека служел во израелската армија, како свое рекламно лице. По кампањата, која стана фокус на критики, компанијата беше принудена да се извини.

👟 Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ официјално се извини за локална промотивна кампања во Израел во која учествувал поранешен припадник на израелската армија (ЦАХАЛ).

🔸 Извинувањето се појави на Инстаграм-профилот на регионалната единица на „Адидас Арабија“, а не на глобалниот профил на брендот.

🔸 Повод за скандалот беше рекламата за услугата „Single Shoe“, односно продажба на една патика наместо цел пар. Во рекламата учествувал Шалев Битон, поранешен израелски војник кој останал без нога поради повреда.

🔸 Битон бил еден од 11 спортисти со инвалидитет чии фотографии биле поставени во продавниците на брендот во Израел.

🔸 Пропалестински активисти го критикуваа неговото учество и повикаа на бојкот на „Адидас“, споредувајќи ја промоцијата на израелскиот војник со илјадниците Палестинци кои останале без екстремитети во текот на израелските воени дејствија во Појасот Газа.

💬 Од компанијата соопштија дека кампањата била реализирана исклучиво од локалната филијала и дека не била дел од глобалната стратегија на брендот.

🗣 „Свесни сме дека фотографијата употребена во неодамнешната локална промотивна кампања предизвика негативни реакции. Во никој случај не сакавме да навредиме никого и им се извинуваме на сите кои се почувствувале повредени“, се наведува во соопштението на брендот.

Претходно, германскиот бренд го прекина и спонзорскиот договор со Фудбалската асоцијација на Израел.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости