Премиерот Еди Рама објави дека министерот што го именуваше Диела ќе биде задолжен за сите јавни набавки во земјата, објавува Политико.
Порано оваа година, Рама изјави дека Албанија еден ден би можела да има дигитален министер, па дури и премиер базиран на вештачка интелигенција.
„Диела е првиот член на владата кој не е физички присутен, туку е создаден виртуелно преку вештачка интелигенција“, рече Рама.
Тој објасни дека одлуките за тендерите ќе бидат ослободени од надлежните министерства и ќе бидат префрлени во надлежност на Диели, кого го нарече „слуга на јавните набавки“.
Целта, како што истакнува тој, е Албанија да стане земја каде што јавните тендери се 100 проценти некорумпирани и целосно транспарентни.
„Ова не е научна фантастика, туку задача за Диела“, нагласи премиерот.
Албанија долго време се бори со корупцијата, особено во јавната администрација и во областа на јавните набавки. Европската Унија постојано го нагласува ова прашање во своите годишни извештаи за владеењето на правото.





