Министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, им ги соопшти новите дипломатски задачи на дипломатите што ќе служат во турските претставништва во странство и ќе ја извршуваат функцијата амбасадор
Алпер Акташ е именуван за нов амбасадор во Амбасадата на Турција во Скопје, јавува Анадолу.
Според информациите од дипломатски извори, министерот за надворешни работи на Турција, Хакан Фидан, им ги соопштил новите задачи на дипломатите што ќе служат во претставништвата на Турција во странство и ќе ја извршуваат должноста амбасадор.
Во ова насока, за Амбасадата во Скопје е именуван Алпер Акташ, кој досега ја извршуваше функцијата амбасадор на Турција во Могадишу.
Актуелниот амбасадор Фатих Улусој ја извршуваше оваа должност од 2024 година.





