Американската администрација ја повлекува земјата од 66 меѓународни организации

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера нареди САД да се повлечат од 66 меѓународни организации, велејќи дека тие повеќе не им служат на националните интереси на САД, јавува ДПА.

Претседателскиот декрет на Трамп им наложува на федералните оддели и агенции Што е можно поскоро“ да го прекинат учеството и финансирањето на 31 ентитет на Обединетите нации и 35 организации кои не се дел од ОН.

Белата куќа соопшти дека организациите работат спротивно на националните интереси, безбедноста, економскиот просперитет или суверенитетот на САД, пренесува германската агенција.

Многу од засегнатите организации се активни во области како што се политиката за животна средина и клима или родовата еднаквост.

Претседателот Трамп го прекинува учеството на САД во меѓународни организации кои ја поткопуваат независноста на Америка и ги трошат парите на даночните обврзници на неефикасни или непријателски агенди“, се наведува во соопштението на Белата куќа, пренесено од ДПА.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости