Американски војник сведочи: „Амир беше убиен со храна во рацете“

❗️Палестинското дете Амир ал-Али е убиено од израелските сили додека се обидувал да земе храна од пункт за хуманитарна помош во мај годинава.

 Според изјава на американски војник кој работел во центрите за дистрибуција на помош во Газа, малиот Амир, исцрпен и босоног, поминал еден километар само за да собере неколку зрна ориз и леќа што паднале на земја.

🗣️ „Се приближи до мене, ми се заблагодари и рече само едно – ‘Фала’“, сведочи војникот.

➡️ Само неколку моменти подоцна, израелската армија нападна со солзавец и боева муниција – пукајќи врз луѓе што излегувале со храна. Меѓу убиените беше и Амир.

📌 Уште еден доказ за тоа како гладот и хуманитарната помош станаа мета во Газа.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости