Автопатот Тетово – Гостивар тргнува со реализација

Со официјална церемонија денес беше поставен камен-темелникот за автопатската делница Тетово–Гостивар, долга 18 километри. Проектот, вреден 90 милиони евра, треба да заврши за две и пол години и предвидува изградба на шест сообраќајни ленти – по три во секој правец (две за возење и една за застанување). Исто така, ќе бидат изградени и девет натпатници.

Градежната компанија Бехтел и Енка, која го реализира проектот, упати јавен повик за работници. Компанијата има потреба од возачи на камиони, ракувачи со тешки машини, армирачи и градежни инженери.

На настанот присуствуваше и американската амбасадорка во земјава, Ангела Агелер.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости