Бебе „посвоено“ за 500 евра: кривична пријава против шест лица

МВР поднесе кривична пријава против шест лица поради сомнение за „трговија со дете“ и организирање незаконско посвојување на новороденче во периодот 2024–2025 година.

Според истрагата, Ф.А. (63) и Ѓ.К. (57) посредувале во пронаоѓање родители во тешка социјална состојба и ги убедувале да се откажат од бебето во замена за пари и бенефиции.

Мајката С.Ј. и нејзиниот невенчан сопруг И.А. наводно го предале новороденчето за 500 евра и бесплатни медицински услуги. Потоа бебето било преземено од И.Ш. и Џ.Ш., кои се претставувале како посвоители.

Во текот на истрагата е утврден и „договор за заем“ од 500 евра, кој според полицијата бил прикриен надомест за незаконското посвојување. На сите осомничени им е одреден домашен притвор.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости