Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа се зголеми на речиси 51.400

Министерството на палестинската енклава соопшти дека во болниците се пренесени 152 повредени лица, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 117.248

Најмалку 50 Палестинци се убиени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа во последните 24 часа, со што бројот на убиени од октомври 2023 година досега се зголеми на 51.355, соопшти денес Министерството за здравство, јавува Анадолу.

Во соопштението на Министерството на палестинската енклава се вели дека во болниците се пренесени 152 повредени лица, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 117.248.

„Многу жртви сѐ уште се заробени под урнатините и на патиштата бидејќи спасувачите не можат да стигнат до нив“, се вели во соопштението.

Израелската армија ненадејно ја продолжи воздушната кампања во Појасот Газа на 18 март, при што се убиени 2.000 луѓе, а повредени се над 5.200 и покрај договорот за прекин на огнот и за размена на затвореници од јануари.

Во ноември минатата година Меѓународниот кривичен суд издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговиот поранешен министер за одбрана Јоав Галант поради воени злосторства и злосторства против човештвото во Газа.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата за неговите постапки во енклавата.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости