Бројот на жртви од израелските напади врз Појасот Газа се искачи на 65

Во областа Сабра, спасувачките служби продолжија да ги расчистуваат урнатините во текот на ноќта, обидувајќи се да пронајдат преживеани.

Во израелските воздушни напади врз Појасот Газа загинаа 65 лица, меѓу кои и 24 деца, објави Ал Арабија, повикувајќи се на извори во службите за итни случаи на Појасот Газа.Воената акција следеше по наредбата на премиерот Бенјамин Нетанјаху за „моќни“ напади.

Нападот го означи најсериозниот пораст на насилство откако на 10 октомври стапи на сила прекинот на огнот постигнат со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Хамас го обвини Израел за кршење на прекинот на огнот и го суспендираше предавањето на телото на заложникот, објави Ал Џезира.

Во областа Сабра, спасувачите продолжија да ги расчистуваат урнатините во текот на ноќта, обидувајќи се да пронајдат преживеани. Многу спасувачи работеа со голи раце за да стигнат до луѓето заробени под урнатините. Портпаролот на Цивилната одбрана, Ибрахим Абу Риш, извести дека операцијата била попречена од обемното уништување.

Асошиејтед Прес, повикувајќи се на двајца американски претставници, објави дека Израел го известил Вашингтон пред последните напади врз Газа.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости