Чарли Кирк почина по атентатот врз него за време на политички митинг

Десничарскиот инфлуенсер од САД, Чарли Кирк, почина по атентатот извршен денес од непознат сторител за време на политички митинг на Универзитетот Јута Вали во Орем.

Веста за неговата смрт ја потврди и американскиот претседател Доналд Трамп.„Големиот, па дури и легендарниот Чарли Кирк, е мртов“, објави Трамп на својата платформа Truth Social.

Кирк е застрелан во вратот и починал од загуба на крв. Осомничениот бил уапсен со брза реакција на полицијата, која брзо го совладала, но брзо било утврдено дека уапсениот не е атентаторот.

Чарли Кирк и неговата политичка организација „Turning Point USA“ беа клучна за победата на претседателот Доналд Трамп во 2024 година, а Трамп му ја припиша на Кирк заслугата за мобилизирање и обединување на младите гласачи.

„Ги освоив младите луѓе со 37 проценти. Ниеден републиканец никогаш не победил, а јас победив со 37 проценти. И Чарли Кирк ќе ви каже, ТикТок помогна, но и Чарли Кирк помогна“, рече Трамп.

Исто така, важно е да се посочат податоците од американските медиуми, според кои атентатот врз Чарли Кирк е 46-тиот случај на вооружен напад што се случил во училиштата во Соединетите Американски Држави оваа година.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости