Утре почнуваат четврт-финалните возбудувања во УЕФА Лигата на шампиони, известува Анадолу.
Во првите четврт-финални натпревари од најелитното клупско фудбалско натпреварување на Европа утре (8 април) и во среда (9 април) ќе се одиграат четири натпревари.
Реванш-средбите се закажани за 15 и 16 април.
Утре во рамките на четврт-финалето во Лигата на шампионите се среќаваат:
8 април, вторник:
21:00 Арсенал (Англија) – Реал Мадрид (Шпанија)
21:00 Баерн Минхен (Германија) – Интер (Италија)
9 април, среда:
21:00 Париз Сен Жермен (Франција) – Астон Вила (Англија)
21:00 Барселона (Шпанија) – Борусија Дортмунд (Германија)





