Дали е загрозено одржувањето на Светското првенство? Стигна одговор од ФИФА

Многумина во последно време се прашуваат дали е можно Светското првенство, кое започнува во јуни, да биде одложено.

На ова, и на други прашања, одговори оперативниот директор на Светското првенство во ФИФА, Хајмо Ширги, кој рече дека турнирот е преголем за да се одложи, а сето тоа поради израелско-американскиот напад врз Иран.

Ширги нагласи дека ФИФА ја следи војната во Иран и нејзините последици.

„Да имав кристална топка, би можел да ви кажам што ќе се случи, но очигледно ситуацијата еволуира. Се менува од ден на ден и ние внимателно ја следиме“, рече Ширги за Светското првенство, кое е закажано да се одржи од 11 јуни до 19 јули во Канада, САД и Мексико.

„Соработуваме со сите наши федерални и меѓународни партнери во проценката на ситуацијата, ја разгледуваме секојдневно и во одреден момент ќе имаме решение. Секако дека Светското првенство ќе се одржи, нели? Првенството е преголемо и се надеваме дека сите што се квалификувале ќе можат да учествуваат“.

Ве потсетуваме дека на почетокот на оваа година се појави информација за можен бојкот на Светското првенство, која дојде од Германија.

Така, еден од потпретседателите на Германскиот фудбалски сојуз, Оке Готлих, изјави дека националните тимови треба да размислат за бојкот на Светското првенство во 2026 година поради однесувањето и постапките на американскиот претседател Доналд Трамп.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости