„Ако фронтовите не се отворат веднаш – Израел ќе ги уништи сите еден по еден“
▪️Израелскиот весник Маарив ја објави содржината на писмото кое, според нивните информации, Јахја Синвар, Мухамед ад-Деиф и Марван Иса му го испратиле на Хасан Насрала утрото на 7 октомври 2023 година – во првите часови од нападот на ХАМАС врз израелските позиции и населби. Во писмото, раководството на ХАМАС барало итно вклучување на Хезболах во војната и предупредувало: ако фронтовите не се отворат истовремено, Израел ќе почне да ги уништува противниците еден по еден.

▪️Авторите на писмото навеле дека операцијата била подготвувана во целосна тајност и дека дури ни дел од раководството на ХАМАС не го знаело датумот на нејзиниот почеток. Му објасниле на Насрала дека тајноста била неопходна за да се зачува ефектот на изненадување. Во текстот се спомнува седница на израелскиот воено-политички кабинет од 22 август 2023 година, каде што, според тврдењата, се разговарало за стратегија за спречување единствена војна со вклучување на Газа, Либан, Иран и други сили од „оската на отпорот“.
▪️Синвар и ад-Деиф предупредувале дека Израел ќе се обиде да ги подели фронтовите и да води војна по фази – прво против Газа, потоа против Либан, а подоцна против Иран. Токму затоа барале итно отворање на северниот фронт: масовни ракетни напади, удари со дронови и операции на единиците „Ридван“ против израелските населби на северот.
▪️Во писмото било нагласено дека Иран не мора официјално да влезе во војната уште од првите часови, но сите сили поврзани со него треба да започнат дејствување истовремено.
Авторите изречно го предупредиле Насрала: одолговлекувањето ќе му даде можност на Израел да го изолира секој правец и да ги уништува еден по еден.
▪️По објавувањето на писмото, израелските аналитички центри почнале отворено да дискутираат што би се случило доколку Иран и Хезболах влегле во војната уште на 7 октомври. Jerusalem Center for Security and Foreign Affairs во анализа од 2024 година го нарекол одбивањето за итно вклучување „стратешка грешка“. Во израелските публикации се признава дека северот на Израел тогаш не бил подготвен за целосен напад, резервистите сè уште не биле целосно мобилизирани, а системите за противвоздушна одбрана можеле да бидат преоптоварени со истовремени удари од Газа, Либан и други правци.

▪️Во материјалите на реномираните весници Хаарец, Вала, Њујорк Тајмс и израелските истражувачки центри се истакнува дека ефектот на изненадување во првите часови на 7 октомври можел да предизвика најтешка внатрешна криза за Израел. Истовременото учество на Хезболах, Иран и други сојузнички сили можело да го наруши системот за реагирање и значително да го зголеми притисокот врз САД.
▪️Денес и самите израелски аналитичари признаваат дека настаните се одвивале токму според сценариото за кое предупредувал Синвар. Прво Газа била изолирана и уништена, потоа започнал притисокот врз Либан, серија ликвидации на команданти на Хезболах, операцијата со пејџерите и нападите врз јужен Либан. Потоа конфликтот директно се префрлил кон Иран. Во многу израелски публикации отворено се наведува дека фазниот карактер на војната бил стратешки поволен за Израел.





