Делегацијата високи турски претставници се сретна со сирискиот претседател во Дамаск

Разговорите со Ал-Шара беа фокусирани на билатералните односи и неодамнешните регионални случувања
 – Делегацијата високи турски претставници денес во Дамаск остварија средба со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара за време на работната посета на соседна Сирија, јавува Анадолу.

Министерот за надворешни работи Хакан Фидан, министерот за национална одбрана Јашар Ѓулер и Ибрахим Калин, шефот на Националната разузнавачка агенција (МИТ), беа примени од Ал Шара во главниот град Дамаск.

Посетата на турските претставници со цел официјални разговори, вклучува и средби со нивните сириски колеги.

Разговорите со Ал-Шара беа фокусирани на билатералните односи и неодамнешните регионални случувања.

Средбата траеше приближно три часа.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости