На 28 септември 1993 година, во опколеното Сараево, додека одекнуваа топови и гранати, се слушна вест посилна од секоја експлозија — вест дека Бошњаците си го вратија своето древно, илјадугодишно име и името на својот јазик – босанскиот јазик и бошњачкиот народ. Тој ден беше обновен идентитетот, достоинството и историската вистина на Бошњаците.

Три децении подоцна, овој ден не може да се слави во спокојство. Причината е што, како што беше истакнато, исти права – правото на име, идентитет и самоопределување – денес им се ускратуваат на Палестинците.
На приемот по повод Денот на Бошњаците, претставници на заедницата ја искористија приликата да му пренесат на претседателот на Собранието на Република Македонија, Африм Гаши, разочарувањето од тоа што државата и нејзините институции остануваат неми пред страдањата на палестинскиот народ и пред негирањето на нивното право на слобода.

„Бошњачкиот идентитет произлезе од борбата за достоинство и правда. Затоа нашиот глас не смее да молчи кога на други им се ускратува истото што некогаш нам ни беше ускратено“, беше пораката упатена од овој настан.





