Двајца загинати, над 500 уапсени во Франција за време на прославите за победата на ПСЖ

 Седумнаесетгодишно момче е избодено до смрт за време на прославите во југозападниот град Дакс

 Најмалку две лица загинаа, а над 500 се уапсени во Франција за време на прославите откако ПСЖ го победи италијански Интер со 5:0 и ја освои Лигата на шампиони синоќа, објавија денес локалните медиуми, пренесува Анадолу.

23-годишен маж кој возел скутер починал откако бил удрен од автомобил за време на прославите во Париз, објави БФМТВ, повикувајќи се на канцеларијата на обвинителот на Париз.

Седумнаесетгодишно момче е избодено до смрт за време на прославите во југозападниот град Дакс, додаде телевизијата.

За време на прославите низ целата земја, повредени се и 192 цивили, 22 полицајци и седум пожарникари.

Уапсени се околу 559 лица, од кои 491 во Париз, додаде медиумот.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости