Самира Мунши, единствената муслиманска членка на Комитетот за верски слободи на Доналд Трамп, поднесе оставка во знак на протест против политиката на САД, објави „The Middle East Eye“.
Мунши ја донесе оваа одлука по отстранувањето на Кери Прежан-Болер, католик и антиционист, од комитетот во четврток. Прежан-Болер рече дека американскиот претседател, кој ги назначува сите членови на комитетот, ја разрешил поради нејзиниот цврст став против геноцидот во Појасот Газа и против оние кои ја нарекуваат „антисемит“ поради нејзиното спротивставување на ционистичката политика. Таа беше отпуштена од функцијата откако говорот што го одржа во февруари стана вирален на интернет, во кој таа рече дека католицизмот и ционизмот се некомпатибилни.
За потсетување, за време на израелската агресија врз Појасот Газа, христијанските цркви беа бомбардирани, а многу од нивните парохијани беа убиени. Црквите редовно се напаѓани и од еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег.





