Египет го предупреди Израел дека секој обид за извршување напад врз негова територија, сличен на неодамнешниот напад во Доха, би имал „катастрофални последици“.

Либанскиот весник „Ал-Акбар“, повикувајќи се на свои извори, објави дека Каиро јасно им ставил до знаење на Американците дека секој обид за напад на претставници на Хамас во Египет – слично на израелската акција во Катар – „ќе има катастрофални последици“.

Според извештајот, Египет, исто така, изразил подготвеност да биде домаќин на лидерите на групите со седиште во Газа, вклучувајќи го и Хамас, и да им обезбеди заштита додека се на нејзина територија.

По агресијата врз Катар и неуспешниот атентат врз лидерите на Хамас во Доха, Израел всушност објави дека ќе продолжи со слични акции и не покажа никакво отстапување од своите агресивни намери.

Во 2024 година, израелските служби го убија Исмаил Ханија, лидерот на Хамас, додека тој беше во Иран.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости