🇵🇸 Движењето ХАМАС објави изјава во која се осврнува на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп, нагласувајќи подготвеност за размена на заробеници и почеток на политички процес околу иднината на Појасот Газа, пренесува Јени Шафак.
🔸 „Ги поздравуваме арапските, исламските и меѓународните иницијативи, како и напорите на американскиот претседател насочени кон прекин на војната против Газа, размена на затвореници, итен пристап на хуманитарна помош, повлекување од окупацијата и спречување на насилното протерување на нашиот народ,“ соопшти ХАМАС.
🔸 Во рамките на формулата за размена предложена од претседателот Трамп, ХАМАС потврди дека се согласил да ги ослободи сите заробеници на „окупаторот“ – и живи и телата на загинатите. Организацијата додава дека со обезбедување на неопходни услови на терен, веднаш е подготвена да започне преговори преку посредници за спроведување на договорената размена.
🔸 ХАМАС уште еднаш ја потврди согласноста управувањето со Појасот Газа да биде предадено на независен палестински технократски комитет, формиран врз основа на национален консензус и со поддршка на арапскиот и исламскиот свет.
🔸 За останатите точки од планот на претседателот Трамп, кои се однесуваат на иднината на Газа и основните права на палестинскиот народ, организацијата нагласува дека тие прашања треба да се решаваат врз база на единствена национална позиција, во согласност со меѓународното право и релевантните резолуции. ХАМАС изрази подготвеност да учествува и да даде „одговорен придонес“ во сеопфатниот палестински национален процес.





