Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган му порача на својот руски колега Владимир Путин дека Анкара ќе продолжи со напорите да помогне во обезбедувањето да се заврши војната меѓу Русија и Украина со праведен и траен мир.
Според Директоратот за комуникации на Туркије, во телефонскиот разговор, Ердоган и Путин разговарале за војната меѓу Русија и Украина, како и за регионални и глобални прашања.
Ердоган нагласи дека Анкара е подготвена да придонесе во дипломатските иницијативи што би го олесниле директниот контакт меѓу страните и би го отвориле патот за траен мир.
Разговорот меѓу двајцата лидери следи по состанокот на лидерит на Г20 во Јужноафриканската Република, каде е разговарано за предложениот американски план за постигнување мир меѓу Русија и Украина.





