Фидан: Главен и одговорен за геноцидот во Газа е Нетанјаху

Нетанјаху продолжува да сее смрт и терор за да остане на власт и ги саботира преговорите за прекин на огнот со постојано воведување нови услови, изјави турскиот министер за надворешни работи Фидан во Скопје

Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, во врска со тековните напади на Израел врз Газа, рече дека „главен и одговорен за геноцидот во Газа е израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху“.

Министерот Фидан говореше на заедничката прес-конференција одржана по средбата со неговиот колега, шефот на дипломатијата на Северна Македонија и министер за надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Скопје.

Наведувајќи дека бруталноста во Газа продолжува, Фидан истакна дека тензиите се проширени и на Западниот Брег, и дека провокациите насочени кон Месџид ал Акса уште повеќе ја влошуваат ситуацијата.

Во врска со тековните напади на Израел врз Газа, Фидан рече: „Главен и одговорен за геноцидот во Газа е Нетанјаху. Нетанјаху продолжува да сее смрт и терор за да остане на власт. Нетанјаху ги саботира сите обиди за прекин на огнот и продолжува да ги нарушува преговорите за прекин на огнот со постојано воведување нови услови.“

Посочувајќи дека дури и израелската јавност почна да се бунтува против Нетанјаху, Фидан порача:

„Меѓународната заедница мора да го спречи Нетанјаху. Да се ​​молчи пред масакрот е еднакво на соучесник во ова злосторство.“

ТРТ Балкан

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости