Флотилата „Глобал Сумуд“, која плови кон Газа, предупреди дека забележала неколку неидентификувани дронови кои ги следат.
Во објава на платформата X, групата изрази загриженост за безбедноста на оние на бродот, велејќи дека тимовите внимателно ја следат ситуацијата.Тие истакнаа како се координираат со партнерите за документирање на настанот.
Флотила бродови со хуманитарна помош и активисти тргна од Барселона на почетокот на септември кон Појасот Газа со цел да се пробие долгата израелска блокада на палестинската територија.
За потсетување, пред неколку дена беа регистрирани два напади врз флотилата.
Меѓународниот комитет за пробивање на опсадата на Газа објави дека нови бродови ќе исплови од јужна Италија следната среда за да ја пробијат блокадата на палестинската енклава, придонесувајќи за напорите на Глобалната флотила „Сумуд“.
Ова е прв пат толку голем број бродови да пловат заедно кон Газа, дом на околу 2,4 милиони Палестинци кои живеат под израелска блокада веќе 18 години, а во последните месеци и под уште построга блокада.





