Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, се огласи на социјалната мрежа X во врска со најновите настани во Унгарија, испраќајќи силна порака за поддршка на проевропските сили во оваа земја.

„Срцето на Европа чука посилно во Унгарија вечерва. Унгарија ја избра Европа, а Европа отсекогаш ја избрала Унгарија. Заедно сме посилни. Една земја се враќа на својот европски пат, а Унијата станува посилна“, рече Урсула фон дер Лајен.
Според аналитичарите, победата на Петер Маѓар и неговата опција означува веројатен крај на непријателската улога што Унгарија ја играше со години во рамките на Европската Унија под водство на Виктор Орбан.
Овој политички пресврт би можел да има далекусежни последици за целиот континент, а особено за ситуацијата во Украина. Како што е наведено, промената на владата отвора пат за деблокада на финансиската помош за Киев.





