(ФОТО) Газа: Палестинците произведуваат гориво од отпадна пластика поради тешкотиите со снабдување

 Од 2 март израелските власти целосно ги затворија граничните премини кон Газа, а тоа доведе до хроничен недостиг на гориво што е потребно за секојдневно функционирање на населението

Палестинците во Појасот Газа се принудени да прибегнат кон алтернативни методи за добивање гориво, преработувајќи отпадна пластика со хемикалии, поради сериозните тешкотии во снабдувањето со гас и гориво за возилата, јавува Анадолу.

Од 2 март израелските власти целосно ги затворија граничните премини кон Газа, а тоа доведе до хроничен недостиг на гориво што е потребно за секојдневно функционирање на населението.

Жителите на Газа, особено младите, почнаа да собираат отпадна пластика и преку импровизирани процеси, користејќи различни хемиски супстанции, произведуваат гориво што го користат за моторните возила и за домашните потреби.

Меѓутоа, во процесот на преработка на пластиката се испуштаат токсични гасови што сериозно ги загрозуваат здравјето на луѓето и животната средина.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости