(ФОТО) Иранскиот претседател: 14 милиони Иранци се подготвени да ја бранат земјата

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека повеќе од 14 милиони граѓани се подготвени да го бранат Иран.

„Повеќе од 14 милиони храбри Иранци изразија подготвеност да ги дадат своите животи за одбрана на земјата. И јас сум бил, сум и ќе бидам подготвен на жртва за Иран“, напиша Пезешкијан на мрежата X.

Во меѓувреме, во Иран е започната кампања за регрутирање волонтери, како одговор на најавите за можна копнена операција од страна на САД.

Дополнително, иранските власти најавија дека ќе воведат наплата за бродовите кои поминуваат низ Ормутскиот теснец.

Од друга страна, поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно упати закани, наведувајќи дека Иран може да биде „бомбардиран до камено доба“ доколку не ги прифати условите на Вашингтон, при што рокот за одговор, според неговите изјави, истекува за неколку часа.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости