Израелското воено радио откри нови детали за соработката помеѓу израелските сили и групата Јасер Абу Шабаб – милитантна фракција во Газа, поврзана со ИСИС.
🔸 Израел им обезбедил оружје на борците на Абу Шабаб, дел од кое било запленето од Хамас или конфискувано во Газа, најчесто автоматски пушки „Калашников“.
🔸 Групата делува главно во областа Рафа – регион кој израелската армија претходно го окупираше и тврди дека го „исчисти“.
🔸 Мисијата на оваа група е да спречува влез на хуманитарна помош во Газа и да се бори против Хамас.
🔸 Оперативниот план бил координиран со израелските безбедносни служби и одобрен од политичкото раководство – без потреба од кабинетска процедура.
Според достапните информации, ова е единствената фракција во Газа со која Израел моментално има ваква форма на соработка.
📸 На фотографијата: Борци на групата Јасер Абу Шабаб, објавена како дел од доказите.
👉 Според безбедносни аналитичари, групата на Јасер Абу Шабаб е создадена со задача да извршува „валкани операции“ во име на Израел и, пред меѓународните медиуми што го поддржуваат Израел, да се претставува како дел од Хамас.





