(ФОТО) Израелци на протест пред Амбасадата на САД во Тел Авив со барање за крај на војната во Газа

 Граѓаните пратија порака и до американската администрација, повикувајќи го претседателот Трамп да го искористи своето влијание и да изврши притисок врз израелското раководство за итен прекин на огнот

 – На 600. ден од почетокот на војната во Појасот Газа граѓани на Израел се собраа пред Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Тел Авив барајќи итен крај на конфликтот и враќање на 58 израелски заложници што сè уште се држат во енклавата, јавува Анадолу.

Демонстрантите изразија незадоволство од премиерот Бенјамин Нетанјаху и политиките на неговата Влада.

Според нив, израелските власти не преземаат доволно конкретни чекори за решавање на кризата.

Граѓаните пратија порака и до американската администрација, повикувајќи го претседателот Доналд Трамп да го искористи своето влијание и да изврши притисок врз израелското раководство за итен прекин на огнот и безбедно враќање на заробените лица.

Војната во Газа, која трае веќе 600 дена, досега резултираше со илјадници жртви и доведе до тешка хуманитарна криза. Меѓународната заедница сè погласно повикува на прекин на огнот и изнаоѓање трајно политичко решение.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости