(ФОТО) Палестинците во Газа принудени да користат запрежни коли поради недостиг на гориво

Поради затворањето на граничните премини и постојаната блокада Палестинците во градот Хан Јунис во Појасот Газа сè почесто се принудени да користат магариња и коњски коли како превозно средство, јавува Анадолу.

Недостигот на дизел и бензин, поради израелските напади и прекинот на снабдувањето, доведе до целосен застој во јавниот превоз.

Поголем број такси-возила не функционираат, а жителите се обидуваат да најдат алтернативни начини за превоз.

Хуманитарната состојба во Газа постојано се влошува, при што граѓаните секојдневно се соочуваат со сериозни пречки во пристапот до основни потреби, меѓу кои се и горивото, медицинската помош и храната.

Ова е уште еден показател за тешкотиите со кои се соочува населението под блокада и континуирана воена агресија.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости