(ФОТО) Пратеникот Салих Мурат лидер во Собранието на Македонија: Прв во сите категории според новиот извештај

Пратеникот Салих Мурат објави дека третпат по ред е рангиран на првото место меѓу 120 пратеници според извештајот за квалитетот на парламентарната дебата.

Според податоците од проектот „Парламентарна поддршка“, финансиран од Швајцарска агенција за развој и соработка, а спроведен од Институт за демократија „Societas Civilis“, Мурат е водечки во сите три анализирани категории за периодот јули–декември 2025 година.

Тој, како што наведе, се издвоил како:

Пратеник со најдолго време на говор – 433 минути
Пратеник со најмногу јавувања за збор – 76 пати
Пратеник со највисок удел на аргументирани дискусии – 10%

Мурат оцени дека резултатите се потврда за неговата, како што истакна, континуирана заложба за демократизација, владеење на правото и еднаквост, како и за подобрување на положбата и интеграцијата на турската заедница во државата.

„Секој збор од собраниската говорница е посветен на граѓаните и на иднината на државата“, напиша тој, додавајќи дека ќе продолжи со ист интензитет и ангажман.

Во објавата, Мурат приложи и табели од извештајот како доказ за постигнатите резултати.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости