(ФОТО) Во Холандија се одбележа 77-годишнината од Накба – големиот егзодус на Палестинците во 1948 година

Одбележување на Денот на Накба се одржа во Доминиканската црква и на плоштадот Дам во Амстердам, Холандија. Низ целиот свет, Палестинците се сеќаваат на раселувањето на стотици илјади Арапи по формирањето на државата Израел во 1948 година.

Накба, што на арапски значи „катастрофа“, останува длабоко врежана во колективната меморија на палестинскиот народ како симбол на раселување, загуба и борба за правото за враќање на својата земја

 Во главниот град на Холандија, Амстердам, беа организирани комеморативни активности по повод Денот на Накба, јавува Анадолу.

Настаните се одржаа на плоштадот „Дам“ и во Доминиканската црква, каде што се одбележаа трагичните настани од 1948 година познати како „Накба“ или „Големата катастрофа“, кога стотици илјади Палестинци беа присилени да ги напуштат своите домови по прогласувањето на израелската држава.

Комеморативната програма по повод 77-годишнината од Накба заврши со праќање пораки на солидарност и поддршка за палестинскиот народ.

Исто така, илјадници лица маршираа низ улиците на Њујорк протестирајќи поради израелските напади врз Појасот Газа.

Маршот беше организиран токму на годишнината од Накба, симболизирајќи го страдањето на Палестинците кои беа присилени на егзодус.

За време на протестот дојде до тензии меѓу демонстрантите што ја поддржуваат Палестина и оние што го поддржуваат Израел.

Накба, што на арапски значи „катастрофа“, останува длабоко врежана во колективната меморија на палестинскиот народ како симбол на раселување, загуба и борба за правото за враќање.  

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости