Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху направи две грешки кога зборуваше за бројот на заложници што ги држи Хамас. Во интервју со американскиот поткастер Бен Шапиро, посветено на настаните од 7 октомври и тековниот конфликт, премиерот се обиде да го наведе точниот број на притворени Израелци, но ги замени и згреши податоците односно бројот на заложниците.
Нетанјаху ги спомена бројките 40 и 46, додека според официјалните податоци, всушност има 48 лица во заложништво.
„…40 лица — всушност 46, од кои 20 се живи — Израел ја покажа својата сила и посветеност да ги врати своите граѓани дома“ – рече премиерот.
Грешките на премиерот предизвикаа негодување кај семејствата на заложниците. Претставникот на семејното движење, Михал Пајлн, му се обрати на Нетанјаху со остра изјава:
„Ве информираме – во Газа има 48 заложници“.





