Германскиот весник Der Spiegel објави насловна страница со Путин, нарекувајќи го „воин со дронови“

Неделникот Der Spiegel го објави рускиот претседател Владимир Путин на насловната страница во бројот во кој се проблематизира подготвеноста на НАТО и Европската унија да го заштитат својот воздушен простор од упади на руски дронови.

Во текстот со наслов „Точки одеднаш се појавуваат на радарските екрани на германските војници“, германскиот весник дава поширок коментар за стратешките последици од упадите на руските дронови на територијата на Полска како членка на НАТО и ЕУ.

„Руските дронови над Полска, исто така, го алармираа Бундесверот“, се наведува во текстот, алудирајќи на повикот за реконструкција на европскиот систем за воена одбрана.

(Фото: Дер Шпигел)

Германскиот канцелар Фридрих Мерц во средата ја осуди Русија поради кршењето на полскиот воздушен простор со вооружени дронови и нагласи дека НАТО е подготвен да ја брани сојузничката територија.

„Оваа непромислена акција е дел од долг низ провокации во регионот на Балтичкото Море и на источниот фронт на НАТО. Германската влада најсилно го осудува ова агресивно руско однесување“, изјави Мерц.

Во контекст на руската закана што ја претставуваат камиказа-дроновите, германските медиуми уверуваат дека полското сценарио е можно и на територијата на Германија доколку не се преземат соодветни подготовки и набавка на нови системи за противвоздушна одбрана.

Руските дронови, поради ниската цена на производство, малата брзина на лет и слабата радарска видливост, претставуваат закана за сите воени и цивилни инсталации.

Конвенционалните ракетни системи за противвоздушна одбрана не се соодветен вид на заштита поради масовната употреба на камиказа-дронови во секој напад, поради што сè повеќе држави како решение ги претставуваат системите за противвоздушна артилерија со автоматски топови од разни калибри.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости