Турските власти приведоа 115 осомничени членови на групата ИСИС за кои велат дека планирале да извршат напади за време на прославите за Божиќ и Нова Година во земјата, соопшти канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.
Истанбулската полиција добила информации дека членови на т.н. Исламска држава планираат напади во Турција, особено кај немуслимани, за време на прославите на Божиќ и Нова Година, објави обвинителството на X.
Полицијата изврши рации на 124 локации во Истанбул, при што уапси 115 од 137 осомничени лица по кои трагаше, се вели во соопштението. Запленети се неколку оружја и муниција, се вели во соопштението.





