Работници и државни службеници во Грција денес започнаа 24-часовен генерален штрајк, барајќи итна владина акција против растечките трошоци за живот што сè повеќе ги оптоваруваат домаќинствата во земјата. Беа откажани и повеќе летови, што предизвика дополнителни проблеми за локалното население и туристите.





