„Окупаторските власти [Израел] беа тие што ги основаа, вооружаа и финансираа криминалните милиции што извршија убиства и киднапирања и крадеа камиони со хуманитарна помош“.
Хамас додаде дека обвинувањата од САД „се во согласност со израелската пропаганда што обезбедува покритие за продолжување на окупациските злосторства“.
Да потсетиме дека американскиот Стејт департмент тврди дека има веродостојни извештаи дека Хамас планира непосреден напад врз цивилите во Газа, што, според нив, би го прекршило договорот за прекин на огнот.
Во вчерашното соопштение, кое го пренесе Би-Би-Си, се вели дека планираниот напад врз Палестинците би претставувал „директно и сериозно“ кршење на договорот за прекин на огнот и „ќе го поткопа значајниот напредок постигнат преку медијациските напори“.
Стејт департментот не даде дополнителни детали за нападот и не е јасно на кои извештаи се осврнува.





