🔴 Најавата на премиерот Мицкоски за можен дополнителен данок за немажени и неженети лица предизвика бурни реакции, особено меѓу младите.
Откако Мицкоски изјави дека Владата „сериозно размислува“ за ваква мерка, како дел од напорите за зголемување на наталитетот и спречување на иселувањето, социјалните мрежи се преплавени со коментари.
🗣 „Погрешно! Исправно: работа и стан – и за машки и за девојки!“ – ова е една од најчестите реакции.
Многумина сметаат дека наместо казни, младите треба да добијат поддршка, сигурна работа, пристапно домување и перспектива, што се вистинските предуслови за создавање семејство.
💬 „Не бегаме затоа што не сакаме брак, туку затоа што нема како да опстанеме“, пишуваат други корисници.

Иако падот на наталитетот е реален проблем, граѓаните прашуваат:
Дали е фер да се наметнуваат казни, ако државата не нуди услови?





