Информации за 201 загинати и 747 повредени лица во Иран објави Црвената полумесечина, наведувајќи дека биле погодени 24 провинции.
Израелските служби за итни случаи пријавија 94 повредени, вклучувајќи тинејџер кој беше полесно ранет од шрапнели и други погодени од експлозии, објавува Гардијан. Друга организација објави дека досега им пружила медицинска помош на 89 малолетни повредени.
Познато е дека биле погодени две училишта и една спортска сала, а само во едно училиште биле убиени десетици луѓе.
Најновите извештаи покажуваат дека 85 девојчиња биле убиени во едно училиште и дека уште неколку се уште се под урнатините. Најмалку две биле убиени во друго училиште, а најмалку 15 лица биле убиени во спортска сала.
Ројтерс претходно напиша дека добиле потврда од два извора дека министерот за одбрана Амир Насирзаде и командантот на Револуционерната гарда Мохамед Пакпур се убиени. Оваа информација не е официјално потврдена.
Исто така, имаше шпекулации за смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, но иранските медиуми објавија дека тој наскоро ќе се обрати.





