Исланд повторно е најмирната земја во светот, еве каде е рангирана Македонија

Меѓународната тинк-тенк организација, Институт за економија и мир, го објави овогодинешниот Глобален индекс на мирот (GPI).

Станува збор за рангирање на 163 земји, кое е направено врз основа на податоци за состојбата на мирот во секоја од 163-те земји, за нивната економија и за тоа како (не) се развиваат мирните општества. Утврдено е дека оваа година падот на овој индекс продолжил на глобално ниво. Причината за ова е што големите конфликти се на највисоко ниво од крајот на Втората светска војна.

Покрај тоа, како што е утврдено, сè повеќе држави се милитаризираат поради растечките геополитички тензии, распаѓањето на традиционалните сојузи и растечката економска неизвесност.

„Моментално има 59 активни конфликти, најмногу од Втората светска војна и три повеќе од минатата година. Решавањето на конфликтите е на најниско ниво во последните 50 години. Бројот на конфликти што завршиле со јасна победа се намалил од 49 проценти во 1970-тите на девет проценти во втората деценија од 21 век. Покрај тоа, бројот на конфликти што завршиле со мировни договори бил 23 проценти во 1970-тите, додека во втората деценија од 21 век бил четири проценти“, посочи Институтот за економија и мир, чие седиште е во Сиднеј.

Беше забележано дека конфликтите се повеќе се интернационализираат, што го отежнува нивното решавање. Имено, 78 земји се вклучени во конфликти надвор од своите граници. Сето ова резултираше со влошување на глобалното ниво на мир за околу 0,36 проценти, што е 13-ти пад на нивото на мир во последните 17 години.

Според GPI, Исланд е сè уште најмирната земја во светот – таа е рангирана на првото место од 2008 година. Меѓу првите десет се и Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Швајцарија, Сингапур, Португалија, Данска, Словенија и Финска.

  • Хрватска е на 19-то место, едно место пониско од минатата година;
  • Црна Гора е на 34-то место, што е за пет места подобро од минатата година;
  • Македонија е рангирана на 51-во место, што е за четири места подолу во однос на минатата година;
  • Србија е на 64-то место, што е за едно место подолу во однос на минатата година. Ова значи дека оваа земја е во друштво на умерено мирни земји.
  • Босна и Херцеговина е рангирана на 59-то место, што е за три места подолу во однос на минатата година. Сепак, тоа е доволно за да остане меѓу најмирните земји во светот. 

Русија е на дното на листата, на 163-то место, што е за две места подолу во однос на минатата година. Ова е прв пат да биде прогласена за најмалку мирна земја во светот во овој извештај.

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости