🚨 Историски ден: Сад и Израел го нападнаа Иран – три нуклеарни објекти уништени

Ова е историски ден во глобалната геополитика. САД официјално влегоа во војна против Иран, во координација со Израел. Според објавата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, американските стелт бомбардери Б-2 спровеле масовен воздушен напад врз три клучни ирански нуклеарни објекти: Фордо, Натанз и Исфахан.

Најголем удар претрпел објектот Фордо, а нападите се оценети како „многу успешни“. Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social:

„Само што го завршивме успешниот напад на три нуклеарни објекти во Иран, вклучително базата Фордо, Натанз и Есфахан. Сите авиони се надвор од иранскиот воздушен простор.“

Тој додаде дека сите бомби кои ги носеле бомбардерите се лансирани врз целите. Претходниот ден, шест Б-52 бомбардери беа забележани на американската база во Гуам – секој способен да носи по две 15-тонски бомби за уривање на длабоки подземни бункери.

Во завршната порака, Трамп упати предупредување:

„Секој одговор на Иран против САД ќе биде сретнат со сила многу поголема од сè што досега сме виделе. Време е за мир.“

Во исто време, иранската државна телевизија му одговори:

„Ти ја започна, ние ќе ја завршиме.“

Иранската државна телевизија до Трамп:„Ти ја започна, ние ќе ја завршиме.“

Posted by Čaršija Times on Saturday, June 21, 2025

Ситуацијата на Блискиот Исток ескалира со огромна брзина. Светот е во неизвесност: дали ќе следи одмазда или дипломатска пауза?

Каква ќе биде улогата на Турција во светската политика во следните години?

слични новости